МБП СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КНИГА, ЈА ПОЧНА ГОДИШНАТА КАНДИДАТ СТУДЕНТСКА КАМПАЊА

Со презентација на книгата „Царка ветерка“ на писателката Љубинка Донева, здружението МБП ја почна кандидат студентската кампања за запишување на кандидат студенти на високообразовните институции во Бугарија.

Како и секоја година МБП ќе им стои на располагање на сите студенти кои имаат желба своето високо образование да го продолжат во соседна Бугарија. Кандидатите можат слободно да нè контактираат за било каква информација во однос на запишувањето на универзитетите во Бугарија.

Во однос на книгата којашто беше промовирана денеска, е интересно да напоменеме дека истата веќе е преведена и издадена во Бугарија на бугарски јазик и се продава на тамошниот пазар.

На презентацијата чиј домаќин беше претседателот на МБП, Столе Велков, беа присутни членови и симпатизери на здружението, заинтересирани студенти кои сакаат да учат во Бугарија, а исто така и почитувачи на ликот и делото на авторката Донева.

You May Also Like