Mакедонските леви авторитарци кои до максимум го ползуваат Ванчо Михаилов

Албанското балистичко движење во време на Втората светска војна под фашистичко покровителство за една национална држава на Албанците. Меѓунационална. И како што стојат работите, неа Албанците ја внесуваат на голема врата, а ја немаат барем пред себе расчистено смешно чудната состојба и молчешкум да им дигаат споменици по родните села на фашистички колаборационисти и да бараат признавање на сторен геноцид врз нив. Ова чисто за потсетување на Села.

Ванчо Михаилов не учествува во Втората светска војна и го поштедува народот од големи меѓусебни судири. Но тоа ништо не значи за победниците, македонските леви авторитарци кои до максимум го ползуваат Ванчо Михаилов по војната за пресметка со кого ќе им текне. И тоа трае со различен интензитет до судирот и поразот на македонските воени сили од албанските паравоени формации во 2001год. Тогаш македонизмот и воено губи на свој терен и од таа безизлезност веќе да неможе до бескрај патолошки од себе да бега. Всушност, многу малку тука во Македонија се знае за Ванчо. Но, не треба посебно знаење, доволно е да имаш три чисти за да се запрашаш: зашто Михаилов долги децении по Втората светска војна живее на Запад и таму никој за ништо не го обвинил? Во Македонија барем од Ванчо Михаилов сите се имаат оградено.  А  Европа? На Европа очигледно и е доволно од нашите инфантилни балкански јуначења и подмолно изесапените и никогаш недоплатените меѓусебни сметки. Со Ванчо, не се дораскусуриле. Тоа ги боли.

Иван, Ванчо Михаилов од Штип, последниот водач на народната Организација е сеуште жива емотивна лава. Седејќи од него понастрана, уште многу време ќе помине дури некој докторант на него не се нафати да докторира. А, тоа сигурно ќе биде некој историчар од Западна Европа. 

Димче Петкоски

You May Also Like