Денес раководството на здружението “Македонско – Бугарско пријателство” и негови членови ги предадоа досега собраните средства од хуманитарните акции на пунктот во училиштето “25 мај” во Стајковци. Дел од средствата беа директно предадени на тамошното население.
Ограноците на МБП низ градовите и понатаму се отворени за сите хумани граѓани кои сакаат да донираат. Продолжете да донирате финансиски средства на телефонскиот број 143 400 од сите оператори. Со еден повик донирате 100 денари.