МБП Кавадарци

На 23-ти април 2016 година во град Кавадарци од истомисленици, со цел за подобра и прогресивна соработка помеѓу двете држави Р.Македонија и Р.Бугарија е основан огранокот на здружението „Македонско-Бугарско пријателство“ (МБП).

На основањето на огранокот во присуство на централното здружение и сите претставници на другите ограноци, членови, симпатизери и многубројните граѓани од град Кавадарци и други градови, беше избрано раководството каде што за претседател на Македонско-Бугарско Пријателство, огранок Кавадарци, е избран Иван Ставров, за подпретседател Ненад Славов и секретар Горан Сами.

Согласно статутот на здружението, граѓаните беа запознати подетално со работата, функционирањето, целите и задачите на МБП од страна на еден од основачите на централното здружение г-дин Петар Колев, за веднаш потоа со пригоден говор им се обрати на граѓаните и претседателот на Кавадаречкиот огранок.

 

За градот

       Кавадарци е град во југоисточниот дел на Повардарието кој претставува центар на Тиквешијата. Градот се наоѓа во средишниот дел, а областа Тиквеш претставува нејзино централно место. Распослан е на двата брега на реката Луда Мара на надморска височина од 230 до 270 метри.

Голем дел од обработливото земјиште во општината е со лозови насади, а Кавадарци е познат во Европа и во светот по квалитетното вино и грозјето.

Во чест на лозарството, секоја година во месец септември се организира манифестација „Тиквешки гроздобер“ кој што му дава посебен белег на градот. Настанот симболично започнува со откинување на грозд од страна на градоначалникот на Општина Кавадарци.

Општината ги зафаќа Тиквешијата и висорамнината Витачево и Тиквешкиот (Кавадаречкиот) дел на Мариово. На територијата на општината се наоѓа и познатиот рудник Алшар (познат по реткиот минерал Лорандит).

 

Контакт тел: +389 76 221 001

email: mbpprijatelstvo@yahoo.com