ДЕЛЕГАЦИЈА НА МБП-СКОПЈЕ ПОЛОЖИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ

Делегација на МБП-Скопје, предводена од претседателот на Здружението, Столе Велков, беше дел од традиционалната панихида во памет на големиот револуционер и водач на ВМРО, Тодор Александров.

На одбележувањето 95 години од убиството на Александров и неговиот телохранител Панајот Панзо Зафиров, што се одржа на вчера (1 септември) крај селото Сугарево, Мелник, (каде што се наоѓаат и вечните почивалишта на двајцата револуционери), беа присутни стотици почитувачи на ликот и делото на последниот цар на планините.

Претставниците на МБП-Скопје положија свежо цвеќе и се поклонија пред подвигот на Александров. Големината на овој борец за слобода на Македонија е толку голема што и покрај сите обиди неговото дело да биде заборавено, тоа е невозможно. Александров ги поврзува луѓето од двете страни на македонско-бугарската граница и денес 95 години по неговото подмолно убиство извршено од непријателите на македонската револуција.

You May Also Like