МБП Прилеп

Огранокот на Здружението „Македонско – Бугарско пријателство“ во Прилеп е основан на 14 мај 2016 година, во присуство на членови на здружението од постоечките ограноци и голем број заинтересирани граѓани, како и бугарскиот конзул во Република Македонија, Теодор Русинов.

За претседател на прилепскиот огранок беше избрана Христина Сиљаноска Ѓорѓиоска, а за потпретседател Гордана Сваќароска.

За градот 

Прилеп е сместен во северниот дел на Пелагониската котлина на површина од 1675 км2 и околу 78000 жители. Познат е како „градот под Марковите кули“. Центар е на производство на висококвалитетен тутун и цигари. Многу од големите светски производители на цигари го користат прилепскиот тутун откако ќе се обработи во нивните локални фабрики. Кога во Прилеп бил основан Институтот за тутун за креирање на нови видови тутун, тоа било прв пример за примена на генетиката во земјоделството на Балканот.

Марко Цепенков, Крали Марко, Итар Пејо, сите овие имиња асоцираат на Прилеп. Една легенда за градот вели дека е почивалиште на најголемиот цар, цар Самуил, откако ја видел својата ослепена војска.

 

Контакт:

e-mail: mbp.prilep@gmail.com