Денот на убиството на револуционерот, Максим Костов кој потекнува од Кичевскиот крај е земен како ден за основање на здружението кое го носи и неговото име.
Здружението Македонско – Бугарско Пријателство огранок „Максим Костов“ Кичево, e основано на 10.08.2014 год. врз основа на Законот за здруженијата на граѓани и фондаци („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/98 и 29/07).
На неговото основачко собрание, избран за претседател на здружението Македонско – Бугарско Пријателство , огранок „Максим Костов“ Кичево е Саша Петкоски, а секретар е Ацо Нестороски.
На отворањето покрај членовите и симпатизерите присуствуваa и претставници од културниот и политичкиот живот во Република Бугарија.
Контакт:
e-mail: mbprijatelstvo@gmail.com