Статут

  1. ЦЕЛИ, ЗАДАЧИ И МЕТОДИ

Член 5

            Општа цел на Здружението е промоција и афирмација во јавноста на ценостите на општата култура.

 

Цел (мисија)

Член 6

            Цел на Здружението е создавање на промени во Република Македонија и свест од неопходноста за зближување и меѓукултурна толеранција на културите на соседните држави.

 

Задачи

Член 7

            Задачите на Здружението се:

  • давање придонес во промоција и афирмација во јавноста на Република Македонија на ценостите на општата култура;
  • залагање за зближување на културите на соседните држави;
  • промоција на концептот на човековите права и базични слободи сфатен како комплекс од еднакви и неотуѓиви права и слободи на секоја индивидуа, и камен-темелник и услов, без кој не се може, во една слободна, правична и мирољубива држава како припадничка на истомислечкиот круг цивилизирани, демократски земји;
  • менување на приодот на луѓето кон конфликтите – од гледање на конфликтите како на деструктивен судир на некомпатибилни интереси и во културата, кон нивно перцепирање како можност за заеднички напредок и подобрување на односите, кои покрај интересите, ги содржат потребите, чувствата и ценостите;
  • трансформирање на културните/етнички разлики – од нивно антиципирање како извори на натпревар кој неизбежно создава тензии и нетолеранција меѓу различните етнички групи, кон нивно профаќање како потенцијален извор за заедничко градење на односи за заемно почитување и меѓузависност;
  • поттикнување на мултикултурната толеранција во согласност со современите цивилизациски стремежи за изградба на ново општество во единствена Европа обединета во Европската унија;
  • подготовка и реализација на современи уметнички проекти од областа на визуелните, изведувачките уметности и новите медиуми;
  • Организирање на конференции, семинари, симпозиуми, обуки, изложби и видео презентации;
  • промовирање на владеење на правото, почитување на човековите права и практикување на демократијата;
  • организирање и реализација на јавни дебати, трибини, тркалезни маси, предавања, семинари, презентации и др. а што се однесуваат на проучување, а заради надоградување на доминантните културни модели;
  • заложби за создавање реални услови за искажување на културниот идентитет и реализација на индивидуалните права во контекст на мултикултурното општество во Македонија;
  • развивање на културниот плурализам, меѓуетничкиот дијалог во областа на културата и надминувањето на предрасудите меѓу различните култури во Македонија;
  • афирмација на културни цености и артефакти што имаат значење за богатството на културните традиции на Македонија;
  • Одбележување на празници од заедничко значење;
  • поттикнување и развивање нови, интегративни, заеднички културни цености меѓу народите и етничките заедници во Република Македонија; и
  • поттикнување и остварување соработка со здруженија и други асоцијации од други држави кои имаат слични програмски цели и задачи.

 

Цености

Член 8

            Цености на Здружението се: пиетет кон културата и културните цености на Република Бугарија и Република Македонија, јавност во работењето, транспарентност, одговорност, интегритет, демократија, смелост, правичност, солидарност.

 

Методи на работа

Член 9

            Здружението ги остварува програмските активности преку: потикнување, подготовка, надгледување, соработка, едукација и учество во културни случувања.
            Здружението се застапува за градење на свест (продукција на општообразовни и информациски материјали, културна размена, партнерства, студиски,посети и слично), истражување и анализа на јавни политики во културата.

            Здружението врши надгледување на примената на јавно и нормативно декларираните политики во културата.

            Здружението обезбедува и пренесува знаење преку курсеви, советувања, практична работа и друго.

 

Посебни случаи

Член 10

            Здружението во заложбите за слобода на искажување на културната припадност нема да презема активности што се во надлежност на други органи, организации и институции, но со нив ќе соработува, ќе укажува, прeговара и сл.

            Здружението ќе презема истражувања на посебни (индивудулни) случаи на кршење и повреда на правото на граѓаните за слободно одлучување за својата културна припадност само во смисла на подобрување на јавноста и спречување на на нарушувањето на човековите права и слободи.

 

Одговорност за мислења и ставови

Член 11

            Мислењата и ставовите изразени во проекти, публикации, извештаи, информации, интернет или било која друга форма, се мислења и ставови на стручњаците, соработниците или персоналот на Здружението, но не и на Здружението.

            Мислењата и ставовите на Здружението се одобруваат од Управниот одбор и се претставуват на јавноста од лице овластено за тоа.

 

Територија

Член 12

            Здружението дејствува на територијата на Република Македонија.

            Здружението дејствува и на меѓународно ниво во согласност со својата генерална политика и стратегија.