МБП со честитки за изборот на г-дин Румен Радев за претседател на Република Бугарија

Почитуван господине Радев,

Дозволете ми во мое име и во име на членовите на Здружението за Македонско-Бугарско пријателство да Ви упатам искрени честитки за победата на претседателските избори. Ви посакувам многу успех во извршувањето на одговорната функција.

Македонија и Бугарија се поврзани преку заедничкото минато, се надеваме дека и иднината на двете земји ќе биде поврзана во рамките на современите европски текови. Искрено очекуваме од Вас да се ангажирате за афирмацијата на македонските Бугари кои претставуваат мост за соработка меѓу граѓаните на двете држави.

Се надеваме дека со Вашиот авторитет ќе влијаете да се унапреди и поедностави постапката со која македонските граѓани од бугарско потекло полесно ќе ги остваруваат своите права во институциите на Република Бугарија.

Уште еднаш, Ви посакувам Вам и на Вашите соработници успех во работата.

 

Со почит,

Петар Колев

Претседател на Здружението за Македонско-Бугарско пријателство

You May Also Like