МБП традиционално со божиќно хуманитарна акција

Претставници од здружението МАКЕДОНСКО – БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО од Кичево денес 28.12.2017 година, по повод божиќните празници, беа во посета на дневниот центар за деца со посебни потреби во Кичево.

Здружението донираше новогодишнии пакетчиња и средства, кои на лицата сместени во дневниот центар им се потребни за нормално функционирање. Се надеваме дека со нашата донација барем во еден мал дел ќе допринесеме за посреќни мигови на овие луѓе.

Исто така, се надеваме дека тоа ќе биде добар пример за сите лица и институции да преземат ваков чекор и овој период од годината да се сетат на нив.

 

You May Also Like