Членот на Надзорниот совет на здружението за Македонско Бугарско Пријателство (МБП Скопје), Александар Димитровски беше официјален гостин за средбата меѓу министрите за регионален развој на Р. Бугарија и за локална самоуправа на Р. Македонија, Николај Нанков и Сухеил Фазлиу.
Димитровски кој живее и работи во Софија, земал учество во работната средба по покана на Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија. На средбата што се оддржа вчера во Софија, главна тема на разговорите беше потпишувањето на меморандум за соработка помеѓу двете институции, кој треба да се потпише во рок од два месеци во Скопје.
Бугарските медиуми потсетуваат дека според тековните програми “Животна средина, конкурентност” и “Туризам” за 2014-2020 година, помеѓу Бугарија и Македонија се склучени 48 договори во вредност од 10 милиони евра.