“Road To Nowhere” Well we know where we’re goin’ But we don’t know where we’ve been Аnd we know what we’re knowin’ But we can’t say what we’ve seen And we’re not little children And we know what we want And the future is certain Give us time to work it out TALKING HEADS

Витербо e град во близина на Рим. Познат е како градот во кој се одржал најдолгиот избор за папа ( 1268-1271) Добрите граѓани на Витербо, откако и после една година, кардиналите не успеале да изберат папа, ги затвориле во денеска позната како Папската палата, и им свеле оброците само на леб и вода. Претпоставувате, кардиналите и нивните свити биле на трошок на градот Витербо. Конечно, кога и тоа не вродило со плод, добрите граѓани на Витербо го отстраниле покривот од палатата. Кардиналската упорност продолжила уште некое време- еден од нив поставил шатор во палатата, но конечно,после три години, кардиналите избрале папа.

Папа Григориј X  на Вториот Лионски собир ја востановил папската конклаваза да се оневозможи некој нов Витербо.

 

Ние “добрите граѓани” на Македонија вечна, за разлика од жителите на Витербо, на ниедна палата досега не сме отстраниле покрив. Напротив, широкоградо плаќаме за палати,куполи, фасади, мерцедеси, деловни патувања, деловни ручеци, деловни вечери, деловни средби, деловни… кој знае што.

А во меѓувреме и учиме. Научивме дека нема директна авионска линија Скопје-Софија. Научивме дека најбогатата партија во Европа и не така богата, па морала да зема кредит. Од Комерцијална. Научивме и дека никакво ниво на загаденост на воздухот, ништо не ни може. Ѓоа сме лебарки.

Секојднево учиме дека секоја бараба со значка, некаква легитимација (а и не е неопходно да има нешто такво) може да се изживува со секого кој не ја поседува “вистинската етничка, религиозна или партиска припадност”- на улица, во продавница, во сопствениот дом, на работно место, секаде.

УЈП преку соопштенија ни честита дека дисциплинирано ги плаќаме казните, даноците, јавните давачки и татковски не предупредува дека треба да внимаваме на роковите.

Научивме и дека “министерот за се” сега е и министер, вицепремиер и пратеник. На сметка на “добрите граѓани” на Македонија вечна.

Научени сме да бараме влади кои можат да ни дадат се, но и да ни одземат се.

Со помош на најсовремни дидактички постапки не учат дека ОЈО е на ДПМНЕ-ДУИ, а СЈО на СДСМ. На “другите им ” остануваат сметките за “кардиналите и нивните свити” Тие се веројатно отпадници, екскомуницирани, предавници, политички диференцинирани!?

Изложени на вакa интензивни “наставни содржини” , не е воопшто чудно што сите ние, “полнолетни граѓани со право на глас” една мисла имаме- Има ли пилот во авионот? – Секоја асоција со “двајцата братски српски пилоти е ненамерна”- Овој пример доаѓа некако како вежба по изборен предмет, џабе им се и двајца ако не ги бива.

И така, “куче лае, мече трае” ден по ден, ете од 30.12.2016. когa“кардиналите” конечно се собраа “под куполата”  и откако констатираа дека се собраа, се разотидоа кој каде, на сметка на “добрите граѓани” на Македонија вечна. Трансакциите си течат, понудата и побарувачката е  “business as usual” разно разни претседателства, работни групи, експерти и секакви “свети крави” се консултираат, усогласуваат, анализираат, мерат и премеруваат, бројат, собираат…

Почитувани пријатели од МБП, дозволете на крај да ви прераскажам една згода која еден мој добар пријател своевремено ми ја раскажа. Се случила одамна, додека бил студент по медицина и оди вака:

  • Само што дојде професорот на вежби, се извини и отиде во тоалет. Кога се врати ни го кажа следново. Колеги, човек на секое место може да најде поука. Еве јас, ја најдов на најнеочекуваното место, во тоалетот пред малку.

Влегувам во тоалет и гледам дека некој пред мене завршил работа, но не го употребил казанчето, си велам, можеби брзал колегата, имал обврски, можеби имал операција. Ја пуштам водата, но она што го оставил колегата не се поместува и си велам, и лајно да е човек, ако е добро поставен, никој ништо не му може!

 

Меѓу нас и добрите граѓани на Витербо кои го отстраниле покривот, разликата е безмалку 800 години, па се прашувам, предоцна е да се занимаваме со такви активности, или,  во право бил професорот?

 

Пишува,

Ѓорѓи Трендафилов

You May Also Like