Здружението за Македонско-Бугарско пријателство “Максим Костов” – Кичево, ќе организира културен настан со наслов “Поетско читање”. Главна тема на настанот ќе биде ликот и делото на преродбеникот Рајко Жинзифов. Ќе се чита негова биографија и негови поетски дела. Ликот на Рајко Жинзифов е одбран бидејќи неговото литературно дело е културно наследство кое им припаѓа на двете држави Р.Македонија и Р.Бугарија. Во склоп на настанот ќе бидат претставени современи поетски дела на кичевскиот поет Павле Ночески кој твори на повеќе јазици. Во духот на зближување, соработка и градење на пријателства помеѓу двете земји е креирана целта на овој настан. Зближување на младите со цел почит кон културните традиции, уметноста и литературата.
Настанот ќе биде одржан на 18.03.2017г. во 16:00 часот, во просториите на центарот за култура “Кочо Рацин” – Кичево.
Со почит,
Здружение за Македонско-Бугарско пријателств “Максим Костов” – Кичево