МБП-ОХРИД УСПЕШНО ЈА РЕАЛИЗИРА ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА „МОСТОВИ НА ДУХОТ“

На ден 03.07.2017 год. во манастирот СВ Наум Охридски се оддржа ликовната колонија ,, МОСТОВИ НА ДУХОТ ,, во чест на светецот СВ Наум Охридски Чудотворец во организација на здружението за Македонско Бугарско Пријателство Охрид и Арт галерија Емануела Охрид.

Учество во општата изложбата зедоа уметници од Република Македонија како и уметници од Република Бугарија. Уметникот г-дин Саша Петкоски од Република Македонија се престави со уметнички дела од тема ,,Експресионизам и Симболизам,, додека уметниците од Република Бугарија г-дин.Владимир Запрајнов се престави со тема ,, Пост Модернизам,, г-дин. Христо Габеров се престави со тема ,, Реализам ,, додека г-дин. Румен Статков се престави со тема ,, Нов Романтизам ,, Мотото на изложбата „ МОСТОВИ НА ДУХОТ“ е во чест на големиот светец Св. Наум Охридски со цел да ја прикаже идејата на комуникација преку универзалниот јазик на уметноста помеѓу творците од Република Македонија и Република Бугарија.

Креативната изложба која пред се е првата отворена изложба која досега се оддржала во манастирот СВ Наум Охридски предизвика огромно воодошевување и атракција пред домашните како и пред странските гости!  Огранокот на здржението МБП-Охрид изрази голема благодарност до МПЦ ( ОА ) Дебарско-Кичевска Епархија како и до Архимандрит Нектариј ( Најдоски ) за нивниот допринос во ликовната колонија а воедно им беше доделена благодарница од страна на секретарот на МБП-Охрид г-дин.Крсте Ристески а исто така им беше доделена благодарница од страна на раководителот на Арт Галерија Емануела Охрид г-дин. Саша Поповски како и подароци од страна на уметниците од Република Бугарија со надеж дека ова изложба ќе прерасне во традиција.

Здржението МБП-Охрид од страна на секретарот г-дин Крсте Ристески како и од страна на раководителот на АРТ Галерија Емануела им доделија благодарници за допринос во ликовната колонија на преставителите од Ресторант Острово СВ Наум, Хотел Филип и брод Александрија 2 а исто така во просториите на здржението МБП Охрид им беа доделени од страна на секретарот г-дин.Крсте Ристески благодарници за учество во ликовната колонија ,,МОСТОВИ НА ДУХОТ,, на г-дин.Саша Петкоски, Владимир Запрјанов, Румен Статков и Христо Габеров.

 

You May Also Like