Деновиве здружението „Македонско – Бугарско пријателство“ активно се вклучи во хуманитарни акции во градовите каде што има свои ограноци. Самите членови, како и дел од граѓаните донираа средства кои им се неопходни во овој момент на настраданите од поплавите во скопско на 06 август.
Во текот на утрешниот ден раководството на Здружението ќе ги предаде досега собраните средства во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје. Исто така, хумаността ќе ја продолжиме и понатаму со организирање на вакви акции и во следниот период, па се’ додека населението од настраданите области има потреба од било каква помош.