Во бугарските универзитети ќе учат 1000 студенти со субвенција на државата, наместо досегашната квота од 400 студенти. Тоа е предвидено во измените на декретот на министерскиот совет бр. 103, за кое ќе се отвори јавна дебата. Предлогот е од новиот министер за образование Маглена Кунева, и според неа, ќе има трајна тенденција бројот на кандидат-студентите во бугарските училишта за бугарите од државите Македонија, Украина, Србија, Молдавија, Албанија и други држави да расте.
На сајтот на Министерството за образование на Р.Бугарија, стои дека за учебната 2015/2016 год. 604 кандидат-студенти од Украина, Македонија, Србија и Казастан се јавиле на приемен испит по бугарски јазик. Исто така 23 кандидати од Косово и 37 од Албанија. Интерес имало и кај граѓаните од Црна Гора, Унгарија и Полска. Во сила е декрет со кој се примаат уште 150 граѓани на Македонија.
Пратеникот Јулијан Ангелов од Патриотичен фронт (ВМРО) за „Топновини“ изјавува дека од партијата се задоволни од зголемениот број, кој всушност е по нивна иницијатива. Тој смета дека секоја година 10 000 места остануваат непотполнети на бугарските универзитети и со овој предлог ќе се помогне да се исполни таа бројка. Минатата година имало интерес од бугари од Украина, кои традиционално учат во Русија, па со зголемениот број на кандидат-студентите може да доведе до поголем број на студенти од таму да учат кај нас, додаде Ангелов.