МБП продолжува со зајакнување на организацискта структура

Раководството на МБП на работниот состанок одржан во Велес на 25.09.2016 година, а на кој присуствуваа и членовите на раководствата на локалните ограноци, донесоа одлука за одржување на Редовно годишно собрание, кое ќе се одржи на 09.10.2016 година во Скопје.

На Собранието ќе се разгледаат досегашните активности на Здружението, а на дневен ред ќе се најдат и предози од организациска природа на самото Здружение.

На денешниот состанок, согласно заклучоците од состанокот одржан во Прилеп на 17.09.2016 година, усмен извештај за преземените активности поднесоа Петар Колев, Ѓорѓи Трендафилов и Димче Петкоски.

Со состанокот претседаваше Саша Петковски, претседател на МБП, кој побара од членовите на Здружението активно учевство во подготовките на самото Собрание со свои предлози и идеи.

 

You May Also Like