Синоќа претставници на Македонско-бугарско пријателство на чело со претседателот на здружението, Столе Велков, беа гости на свечениот прием организиран од Бугарската амбасада во Скопје, по повод 6-ти Мај, денот на Бугарската армија и храброст.
На настанот беа присутни претставници на дипломатскиот кор, членови на Владата на Република Македонија, и пријатели на Р. Бугарија. Симболичен домаќин на настанот беше Министерот за одбрана и заменик премиер г. Красимир Каракачанов.
Во своето обраќање, Каракачанов, ја поздрави Македонија за најзиниот напредок по патот кон евроатланските интеграции, сподели одредени искуства од патот на Р. Бугарија кон влезот на Северноатланскиот пакт и и посака успех на Р. Македонија во понатамошниот пат кон ЕУ и НАТО.