ЧЕСТИТ 24 МАЈ-ДЕНОТ НА СЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Денеска го прославуваме Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Браќата Кирил и Методиј се најмладиот и најстариот син на Лав и Марија, инаку богато византиско семејство кое живеело во Солун.
Како високо образовани, браќата Кирил и Методиј биле ценети во византискиот двор од каде добивале одговорни задачи како на пример познатата Моравска мисија која имала за цел ширење на христијанството кај народите во Византија и наметнување на византиската црковна власт.
Во периодот 855-862 солунските браќа ја создаваат првата словенска азбука глаголица од триесет и осум букви и на тој начин започнале да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.

Смртта на Кирил на 14 февруари 869 година и Методиј на 5 април 885 година, мисијата за ширење на христијанството и словенската писменост ја продолжуваат нивните ученици на чело со Климент и Наум Охридски.

24 мај- Денот на солунските браќа Кирил и Медориј се празнува од сите словенски народи. Од 1880 година празникот се наоѓа календарот на Римокатоличката црква, а во 1980 година словенските просветители Св. Кирил и Методиј од страна на Јован Павле Втори се прогласени за копатрони на Европа.

МБП-Скопје го честита големиот празник 24 мај на сите што го слават денеска и секако повикува на уште поголемо залагање за зачувување на делото на Светите браќа и нивните ученици. Пишувајте на кирилица, за да ја зачуваме нашата традиција.

You May Also Like