На 18 февруари 2017 година (11.00 – 14.30 ч.) во салата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, ќе се одржи кандидатско-студентска информативна кампања за прием на студенти по ПМС 103/1997 и 228/1997 за Република Македонија .
Кандидат-студентите од Македонија ќе бидат информирани за:
Високото образование во Република Бугарија
– Прописите за прием на Бугари кои живеат надвор од Република Бугарија, за граѓаните на Република Македонија, за условите за студирање на бугарските високи школи и за издавање на визи на Бугари од странство – државјани на трети земји, запишани за обука во Република Бугарија;студентски стипендии и за студентскиот стандарт во Република Бугарија.
– Збирни информации за условите и секојдневието на студентите во бугарските високообразовни научни институции Претставниците на МОН-Министерството за образование и наука и ДАБЧ-Државната агенција за бугарите во странство, ќе одговараат на прашања на заинтересираните- обезбедени се промотивни и информативни материјали.
Ве очекуваме!
МБП