Ова го предвидува проектот за изградба на брза железничка линија меѓу метрополите на Бугарија и Македонија, како дел од коридорот 8.
Министрите за надворешни работи на Бугарија и Македонија, Кристиан Вигенин и Никола Попоски, со заедничко писмо упатено до еврокомесарот за проширување, Штефан Филе и неговиот колега за регионална политика Јоханес Хан, побарале финансиска подршка за проектот.
Во заедничкиот проект, кој е дел од кооридор 8 и кој треба да заврши кон крајот на 2016 год., стои дека дека растојанието меѓу двете престолнини е околу 220 км, и ќе може да се помине за 90 мин.така што брзиот воз треба да се движи со брзина од околу 120-130 км/ч.
“Република Бугарија и Република Македонија ќе ги интензивираат напорите за промовирање на добрососедските односи и соработка, вклучително и преку проекти и иницијативи кои би можеле да имаат практична вредност не само за двете земји, туку и за целиот регион.
Сметаме дека треба да се даде приоритено значење на проектите кои се насочуваат кон развојот на автомобилската и железничката инфраструктура со особено внимание кон коридорот 8 (исток- запад), се вели во писмото испратено од министрите за надворешни работи на двете земји, а цитирано од „Дарик”.”
Во писмото се нагласуваат дека, од клучно значење е доделувањето на поголемата финансиска помош за завршувањето на ваквите проекти, како за двете држави така и за Европската унија, со што ќе се олесни и трговската размена, а ќе се зголеми и протокот на граѓаните кои патуваат.
Изградбата на железничката линија, Софија – Скопје е започната пред една декада, но за жал се уште не е завршена. Сега врската Софија – Скопје се обезбедува само со автобус за околу 4 часа возење.