Премиерот на Р. Бугарија Бојко Борисов: Сакам Македонија да биде стабилна држава

Mногу сакам Република Македонија да биде стабилна држава. Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по разговорите во Берлин со германскиот канцелар Ангела Меркел.

” Го покренав прашањето за Македонија / за време на разговорите со Меркел /. Вие видовте дека, веднаш по судирот во македонското собрание, без никој да ги тера, а тогаш и јас бев во опозиција, никој не бев, во текот на ноќта ми се јавија и тројцата – и Зоран Заев, и Никола Груевски, и претседателот Ѓорге Иванов. Тие ми се јавија бидејќи се убедени дека не само сум добар човек, но и всушност многу сакам Македонија како држава да е стабилна, нашиот сосед да биде стабилен “, вели Борисов  за Дојче веле и додава:

“Состојбите околу нас се комплицирани – од едната страна е Крим, од другата – Турција. Грција се тресе секој ден,  аво Македонија видовме што се случи “.

“Затоа ја убедив и канцеларката Меркел, и останатите, дека на Македонија треба да и се помага.  Тоа е многу важно за нас, треба да се даде шанса на новата влада и, се разбира, да ги продолжиме  разговорите со Груевски, кој, пак, е дел од семејството на ЕНП. Односно Македонија треба да го помине нашиот пат. Знаете колку остри сме биле сите, но тоа никогаш не ни е донело резултат. Обединувањето ја прави силата. Конзенсусот ја дава силата на нацијата “, вели Борисов.

You May Also Like