Раководството на МБП му оддаде почит на големиот револуционер и водач на ВМРО Тодор Александров

Во Ново село (Штип) беше одржана панахида во чест на големиот револуционер и водач на ВМРО, Тодор Александров. На денешен ден пред 93 години Тодор Александров го загуби својот живот во месноста Равна бука, крај село Сугарево во околината на градот Мелник. 

Панахидата беше организирана од Иницијативен Комитет „Ново село“ и се одржа во црквата Св. Богородица, Ново село. Здружението за Македонско-Бугарско пријателство беше претставено од страна на претседателот Петар Колев, потпретседателот Георги Трендафилов и секретарот Димче Петкоски.

Меѓу останатите гости на панахидата беа штипскиот градоначалник примариус доктор Илчо Захариев, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Трајче Димков и Никола Мицевски и општинскиот советник од ВМРО-НП во собранието на градот Штип Зоран Костовски.

You May Also Like