ГОЛЕМО БУГАРСКО ОРО СЕ ИГРАШЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА БРИСЕЛ

За пети  пат во низа на централниот плоштад во Брисел, Grand Place се играше бугарско оро. Годинава организатор на настанот е бугарскиот европратеник од ГЕРБ / ЕНП Ева Мајдел, која ја продолжува традицијата почната од Кристалина Георгиева, заменик-претседател на Европската комисија во периодот 2014 – 2016 година.

Големото оро се одржа во рамките на 11-то издание на Balkan Trafik Festival 2017 година. Специјални гости на овогодинешното издание се танчерите од ансамблот “Златна Тракија” од гр. Хасково со раководител Златка Тимонова. Ансамблот е добитник на бројни меѓународни признанија и во текот на 30 години ги промовира бугарскиот фолклор и традиција во нивната најчиста форма. Заедно со ансамблот “Златна Тракија” во Брисел, Бугарија беше претставена и од Народниот оркестар на општина Хасково, што почна со работа само пред неколку недели.

Целта на Големото оро е да покаже културното богатство на Бугарија пред жителите и гостите на големиот и космополитски град Брисел. Пред неколку дена претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани официјално стана патрон на Бугарското оро. Во иницијативата земаа учество голем број Бугари што живеат во Белгија, а исто така и голем број гости на градот Брисел. Фестивалот Balkan Trafik се одржува за 11-та година и претставува активност, што на најубав начин го отсликува шаренилото на културите на земјите членки на ЕУ од Југоисточна Европа.

You May Also Like