Со посетата на „Државната агенција за бугарите во туѓина“ (ДАБЧ), делгацијата на Македонско-Бугарско Пријателство” (МБП) ги заврши неколку дневните активности во Република Бугарија.
Домаќинот на средбата, претседателот на ДАБЧ, Борис Вангелов, ги запозна нашите претставници со предизвиците со кои секојдневно се среќава оваа агенција, со напорите кои ги преземаат вработените во агенцијата за да им излезат во пресрет на барателите за бугарско државјанство од Република Македонија кои ги има во се поголем број.
Посетата имаше малку и свечен карактер затоа што г.Борис Вангелов на делегацијата на МБП и го предаде решението со кое „Здружението за Македонско-Бугарско пријателство“ е заведено во „Регистарот на организации на бугарите кои живеат вон Република Бугарија“.
Со тоа нам како организација во голема мера ни се олеснува комуникацијата со државните органи на Република Бугарија, што значи дека нашите членови (воопшто и секој заинтересиран граѓанин на Република Македонија) во иднина ќе може побрзо и полесно да го остварува својот интерес во рамките на институциите во Република Бугарија.
Можеме да заклучиме дека оваа наша посета на Софија се покажа исклучително полезна. Впечатокот е дека просторот за соработка е голем.
Затоа МБП, веднаш по новогодишните празници, ќе ги презеде неопходните формални обврски кои произлегоа од разговорите со соодветните државни претставници од Република Бугарија и кон крајот на следниот месец ќе ги заврши сите постапки кои треба да резултираат со отварање на „Инфо центар на МБП“ во Софија, кој како инструмент за подобро функционирање на МБП е и повеќе од добредојден.