ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МБП СТОЛЕ ВЕЛКОВ ГОСТИН НА 14-ТАТА СВЕТСКА СРЕДБА НА БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ

 Првиот човек на Здружението за Македонско Бугарско пријателство, Столе Велков беше гостин на 14-тата светска средба на бугарските медиуми што се оддржа во Скопје во периодот од 24 до 28 октомври.

Велков беше поканет од страна на организаторите, како претставник на невладиниот сектор во Македонија, кој активно се залага за зближување на граѓаните од двете страни на бугарско-македонската граница.

Светската средба на бугарските медиуми е традиционален настан што се одржува за 14-ти пат, а годинава за прв пат организаторите (сите поголеми медиуми во Бугарија) одлучија средбата да се оствари на територијата на Македонија во главниот град на нашата земја.

За време на самата средба Велков успеа да создаде контакти со уредниците на едни од највлијателните медиуми во Бугарија и да им пренесе дел од идните проекти на нашето здружение.

You May Also Like