Драги пријатели,
Здружението за Македонско-Бугарско пријателство им го честита најголемиот христијански празник Велигден на сите кои го прославуваат Христовото воскресение денеска.
Нека Божиот благослов ве следи во секој чекор. Нека не ве напушта вербата и силата Господова. Нека секое ваше добро дело вроди со плод, а среќата од постигнатото да ве направи уште по истрајни во борбата со секојдневните животни препреки, без разлика дали тие биле големи или мали.
Драги пријатели, ви посакуваме пред се здравје и сила. Ви посакуваме успеси на секое поле и мудрост со која, денешните порази, ќе претворите во идни победи.
Драги пријатели, ви пожелуваме прекрасни мигови со вашите најблиски за време на Велигденските празници, Господ нека ги дарува со здрвје и долг живот сите околу вас.
За многу години Велигден, пријатели. Христос Воскресе- Воистину Воскресе.