Центарот за развој на Источно-ланскиот регион (ИПР), раководството на Клиничка болница
Штип и регионалното Здружение на лекари од Благоевградската област во Бугарија информираа
дека успешно се реализира проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и
иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство”. Организаторите додадоа дека бенефит од овие проекти ќе имаат лекарите и медицинскиот персонал, кои ќе имаат
обуки и ќе разменуваат искуства со своите колеги од Бугарија. Во рамките на овој проект
ќе се набави и софистицирана опрема за Одделението уво, нос и грло.
Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева вели дека овој проект е почнат од
октомври 2016 година, а ќе се реализира до октомври годинава. Финансиран е од ИПА фондовите на ЕУ преку Програмата за Меуѓугранична соработка МакедонијаБугарија.
Координаторот на проектот, Александар Николов вработен во Центарот за развој на ИПР вели
дека овој проект се реализира со буџет од 126.000 евра. Претставниците од
регионалното Здружение на лекари од Благоевгдската област во Бугарија истакнаа дека ова е
втора пресконференција за овој проект. Првата се одржа во Бугарија, каде што веќе имаше и
размена на искуства и соработка меѓу лекарите од двете земји.