На ден 06 ноември 2016 г. недела, ќе се одржат Претседателски избори во Република Бугарија.
За таа цел, Ве информираме дека врз основа на член 3 од изборниот кодекс на Република Бугарија, државјаните на Република Бугарија кои живеат во Република Македонија можат, но и се обврзани, да гласаат во просториите на амбасадата на Република Бугарија во Скопје и конзулатот на Република Бугарија во Битола од 06 до 18 часот.
Член 3 од изборниот кодекс на Република Бугарија гласи:
(1) (Изм. – ДВ, бр. 39 од 2016 г., во сила од 26.05.2016 г.) Изборите се спроведуваат врз основа на еднакво и директно избирачко право за сите, со тајно гласање, и гарантира слободно изразување на волјата на граѓаните. Гласањето е задожително, и се врши лично, а е граѓанска должност на секој гласач.
(2) Секој гласач има право на еден глас.
(3) (Нова – ДВ, бр. 39 од 2016 г., во сила од 26.05.2016 г.) Едно лице не може да учествува во повеќе од едно својство во еден вид на избор – кандидат, набљудувач, застапник, претставник на партија, коалиција или иницијативен комитет, член на изборна комисија, анкетар, придружник и сл.
За подетални информации може да се обратите во канцелариите на МБП ширум цела Македонија.
Централна изборна комисија, изборен кодекс на Р.Бугарија.