Честит 8-ми Септември

Во Македонија денеска се одбележуваат 25 години од референдумот одржан на 8 септември 1991 година, на кој над 95 % од граѓаните се изјаснија за независност на земјата од поранешна Југославија. Волјата на народот за самостојна и суверена држава беше потврдена на 25 септември 1991 година, кога беше усвоена Декларација за независност во првиот повеќепартиски македонски парламент. На 17 ноември истата година беше донесен и новиот Устав на Република Македонија.

Прва држава која ја призна Македонија како независна и самостојна држава беше Република Бугарија. На 8 април 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација.

По повод 8-ми септември, денот на независноста на Република Македонија, здружението Македонско -Бугарско пријателство, на сите граѓани  им го честита празникот на суверена, самостојна и независна држава.

 

Со почит,

Претседател на совет, Петар Колев

 

You May Also Like