МБП Кичево реализира уште еден успешен настан

Денес на 18.03.2017 год. во центарот за култура “Кочо Рацин” – Кичево, беше успешно одржан културниот настан “Поетско читање во чест на Рајко Жинзифов”. На настанот беа присутни претставници од Р.Македонија и Р.Бугарија. Во пријатна атмосфера беа прочитани поетски дела на Рајко Жинзифов.

Здружението за Македонско-Бугарско пријателство го поддржува почитувањето кон историското наследство. Во тој контекст МБП ги поддржува и охрабрува младите поети, музичари и уметници во своите креативни мисли и остварување на своите дела, затоа што без развиток на културните вредности од секоја област, не може да се напредува во демократизација и развиток на општеството. Се со цел промоција на културните вредности кои се нераскинлив дел од напредокот на современото демократско општество и се темелни вредности на Европската Унија.

 

        Рајко Жинзифов е личност чие литературно и животно дело е културно наследство на двете држави Р. Македонија и Р. Бугарија. Рајко Жинзифов живеел и творел на овие простори, а подоцна заминал за Русија каде се запишал на Историско-филозофскиот факултет во Москва. Таму ја издава и својата стихозбирка со наслов “Новобугарска збирка”. Останува запаметен како еден од најзначајните преродбеници од нашето минато.

Здружението за Македонско-Бугарско пријателство им се заблагодарува на сите кои зедоа учество и беа присутни на овој настан.

“Овој настан е избегнување на секојдневнието во нашето опшество и промоција на културните вредности. Сметам дека во Кичево, а и општо во Македонија треба да има повеќе соработка меѓу сликари, поети и музичари. Со тоа човекот индивидуално се надградува, а и се создаваат повеќе креативни идеи.” – Истакна младиот поет од Кичево, Павле Ночески.

 “Се надеваме дека во иднина ќе има повеќе вакви културни настани а ова поетско читање да биде традиција.” 

– Истакнаа од здружението за Македонско-Бугарско пријателство Максим Костов – Кичево

 

You May Also Like