Заборавените херои на Македонија

офицер и четник, воен теоретичар и педагог, бестрашен воин  кој заслужил да биде запомнет во колективната меморија

 

На денешен ден е роден Борис Дрангов  (15 март нов стил) 1872 година в Скопје, во семејството на Стојан и Ѓурѓа Дрангови.  Учи во бугарското педагошко училиште во родниот град кое го завршува со одличен успех. Во 1891 година е примен во Военото училиште во Софија.

Во 1893 година е произведен во потпоручник и е распреден во 3-от коњанички полк во Пловдив.

За време на Илинденско-Преображенското востание,  Дрангов ја напушта воената служба и заминува во Македонија, каде заедно со други офицери,  собира чета от 120 души која дејствува во реонот на планината Плавица, Кратовско.

За време на Првата Балканската војна (1912 – 1913) е началник на штабот на 1-та бригада на 1-та пешадиска дивизија. На бојното поле забележува значајни победи – кај Гечкинли (22 октомври 1912), Чаталџа (17 ноември 1912), Одрин (13 март 1913), Селиолу, Ескиполос и Петра. При заземањето  на Селиолу лично предводи  една од дружините во напад. За покажаниот хероизам е награден со орден „За храброст“ од IV степен.

        На 2 септември 1915 г. со заповед №420 се формира 11-а пешадиска дивизија – наследник на Македоно-одринското ополчение. В состав на дивизијата влегуваат и  1-от артилериски и 6 пешадиски полк, а потполковник Борис Дрангов е назначен за началник на 5-и македонски полк.

За време на  Првата светска војна (1915 – 1918) како командир на полк  во дивизијата  која е составена безмалку  целосно од необучени војници од Македонија, Дрангов успева за кратко време да ги подготви и да направи од нив  целосно оперативнавоена единица. Учествува во битките кај Калиманци, Кочани и Штип. На 25 ноември 1915 г. го предводи ноќниот напад кај селото Градец.

Во периодот февруари-март на 1916 г. полкот е сместен источно от Петрич. По идеа на Дрангов (во атарот  на денешното село Дрангово)  се гради спомен-чешма на загинатите војници и офицери от 5-от пешадиски македонски полк, на којa пишува:

 

1916

на

ПАДНАЛИТѢ ЮНАЦИ

от 5 пѣх. Македонски полкъ

Големите жртви кои ги дава офицерскиот состав на армијата, налагаат да се формира Школа за резервни офицери в Скопје. На 15 мај за началник на школата е назначен потполковник Дрангов. Така тој ги напушта  редовите на 5-от македонски полк и заминава во родниот град на новата дожност. Во неа има 1053 кандидати за офицери.

Кон крајот на септември  откако во офицери се произведени 876 кандидати, Дрангов ја презема должноста на Началник на штабот на 1-та пешадиска дивизија и  6 месеца е на бојното поле околу Добруџа во кампањата против Романија.

Во март 1917 г. повторно е во Македонија како командант на 9-от пешадиски пловдивски полк от 2-та пешадиска  дивизија. Ги брани позициите на котата 1050 на завојот Црна река.

На 26 мај 1917 при француски  артилериски бараж,потполковникот Борис Дрангов е тешко ранет. Како последица од раните, истата вечер, им подлегнува на повредите.

Погребан е во дворот на црквата „Свети Димитриј“ в Скопје, но подоцна српските властиги преместуваат неговите посмртни останки. Постхумно е произведен во чин полковник.

Современата воена наука в Бугарија го определува како првиот воен теоретичар на воената тактика.

 

 Види линк =>> песна за Борис Дрангов 

 

Почитувани, Борис Дрангов е тукашен, син е на Македонија. Тој не е единствен кој нашата историја “ненамерно” го заборавила и него и нему сличните, нема да ги пронајдете на страниците на “рецензираните” учебници по историја.

Па сепак, нема да бидат заборавени!

 

 

 

 

You May Also Like