-На ова место во злогласниот бугарски фашистички затвор масовно се затварани борци-комунисти од 1941 до 1944 година. Во него се измачувани, убивани и масакрирани повеќе борци од НОВ. Во знак на почит кон затворениците-борци за слобода на Македонија плочата ја поставува обштинскиот одбор на СЗБ од НОВ. 8.11.1983 г. ШТИП
Оваа плоча почитувани читатели, се наоѓа на влезот од најголемото основно училиште ОУ„Ванчо Прке“ во мојот роден град Штип. И сето ова не би било толку фрапантно и ужасно, ако бевме уште дел од СФРЈ и ако ја шетавме штафетата на „ другарот ТИТО“ Уште помалку ќе и обрнев внимание, ако во истиот град не беа родени: Тодор Александров, Иван Михајлов, Михаил-Мише Развигоров, градоначалникот на Софија, Јосиф Ковачев и Емануел Чучков, академикот Александар Балабанов, писателот Петар Завоев, професорот Љубомир Милетич, Васил Хаџикимов и уште многу други.
Не би се занимавал со конкретната плоча, доколку коминистичкиот режим не е објавен за злосторнички во сите источно-европски држави, вклучувајќи ја и Македонија, за што Собранието и има донесено соодветна декларација. Иако, нашава држава во пракса е како Србија и Босна и Херцеговина, земји кои сеуште се немаат придружено на таквата европска декларација.
Исто така, не би ме интересирало ова, ќе го разберев целосно, ако општина Штип немаше на подарок мост од владата на Р. Бугарија, ако не се изградеше оној прекрасен мултимедијален центар кој чини стотици илјади евра со средства од програмата за трансгранична соработка со европска Бугарија, ако еден куп од локалните моќници, политичари, но и обични граѓани не се бугарски државјани (по неофициални податоци над 4000 души) и уште толку се во процедура за добивање на државјанство, ако огромниот дел од бизнисот на градот не е дирекно или индирекно сврзан со Благоевград и ако штипјани не велеа дека Банско е нај-убавиот зимски центар.
Иако во мојот град нема ниту една плоча за ѕверствата на српскиот генерал Ковачевич, чиј споменик се наоѓал во дворот на ова исто училиште, а Штипјани го урнале во тој ист период 41-44 година, и ако никаде не е одбележано како тројца храбри и млади штипјани на тој исти генерал му ја виделе сметката. И ако не можете да видите ниту една плоча за посрбувањето на населението на Штип и смената на презимињата од „ов” и „ев” на „иќ”, ниту пак за жестокото убиство на таткото и братот на Иван Михајлов, на мостот во Ново Село, кои српските џандари ги заклале како животни. Цела вечер ги оставиле на мостот, а новоселци се плашеле да им приближат и да ги соберат нивните тела од мостот. Еден многу важен човек во мојот живот, ми разкажуваше како во раните утрински часови, со воловска кола која ја влечеле тие тројца смели млади новоселци, ги издебнале џандарите на спиење и ги собрале телата на убиените и скришум ги закопале во новоселските гробишта. Ниту пак можете да видите слики од пречекот на Бугарската армија во 41 година или пак организираните одбележувања на смртта на Тодор Александров и поставувањето на неговата плоча во Ново село во тој исти период 41-44 г.
Никој не сака и да спомне дека всушност првите училишта во Штип и Ново Село, се бугарски егзарски училишта, изградени заедно со двете цркви, во кои даскали биле Гоце Делчев, кој бил и образовен испектор за цела Штипска околија и Дамјан Груев. Тие истите војводи добивале плата од егзархијата за да го описменет населението, но и да можат да создадат ново поколение кое ќе ја продолжи нивната борба, да создадат револуционерна организација која со пушка во рака ќе се крене против турското ропство. Е, кога го спомнав турското ропство, нема ниту една плоча за тоа над 500 годишно ропство. Како во тој период да цветале само рози низ мојот Штип.
Иако не е откриена ниту една масовна гробница од тој период (1941-1944) и ако битката во Штип не била на етничка, а на политичка основа(комунисти-коминтерновци против царисти-бугараши) и ако за тој период од време можете на прсти да ги изброите убиените од власта, но не масакрирани, а во директен вооружен судир мегу партизани и војска и полиција и ако не може никој да ви покаже или докаже за убиство на човек во Штип, кој што не бил комунист, а е убиен просто затоа што е штипјанец-македонец.
И за да бидам разбран правилно и да не бидам обвинат за тенденциозност ќе споменам само неколку факти. На училиштето „Гоце Делче” во Штип нема плоча како е убиен од турците или што правеле турците во Штип. На ниту едно друго училиште во градот нема плоча за српската окупација на Штип. Никаде не можете да видите плоча за комунистичкиот режим и штипјани осудени и испратени во затвор во Идризово или Голи оток. Уште помалку пак ке видите плоча за убиените од кумунистите.
За жал, Македонија остана единствената пост-кумунистичка земја која не ја ревидира својата историографија, не заради друга, а затоа што и ден денес тие исти комунистички историографски светила образувани во Белград, ни ја полнат главата со манипулации. Ние како општество се уште не успеваме да се откинеме од Титовизмот, денеска скриен под формата на Антички патриотизам. Тие истите штипјани што имаа закачено слики од Тито, на обратната страна од тие исти портрети го насликаа Александар и го ставија на ѕид. Дури сеуште потајно се надеваат дека Тито ке се дигне од гробот, за да можат да ги завртат сликите пак.
Најискрено се надевам дека овој текст ке ја разбуди здравата мисла во мојот Штип и одговорните институции ќе преземат мерки.
Исто така, се надевам и дека Бугарија, она истата која не призна прва како независна држава, ни го даде пристаништето во Бургас за време на ембаргото, ни даде образование на многу млади Штипјани, ни даде европски државјанства и пат кон подобри кариери во Бугарија или Западна Европа, го отвори својот пазар за македонските компании и за штипјани, кои направија свој бизнис особено во сферата на транспортот во Благоевград, Петрич и.др, ќе погледне со сериозни очи на ова мое словоизлејание. Не заради друга, а за тоа што, ако сам не се почитуваш, никој не би те почитувал.
Си ветив уште пред да започнам да го пишувам овој текст, дека ќе го пишувам без емоции, смирено и само на основа на факти. Но, може ли нормален човек да не се иритира на вака грозни манипулации, кои се користат за создавање на омраза и сеење на страв кон некого.
Нашето општество е роб, роб на непознавањето на свото минато, кое му дава грешна слика за сегашноста и нејасна представа за иднината!
Аврор: Петар Колев председател на МБП