ПРКОС И ОТПОР

Скопскиот студенски процес

Димитар Ѓузелов од Дојран, осуден на 20 год.строг затвор, Иван Шопов од Гевгелија осуден на 20 год. строг затвор. Димитар Нацев од Струмица 15 год.строг затвор, Димитар Чкатров од Прилеп 10 год. строг затвор. Харалампие Фукаров, Тодор Гичев од Штип, Борис Андреев од Велес, Штерјо Баздов од Крушево и Борис Светиев од Битола им е изречена казна од по пет години строг затвор.

 

 Мара Бунева 1902 Тетово-Скопје 1928

 

Полковник Велимир Прелиќ, правниот советник“ на скопската бановина“ е застрелан во Скопје на 13 јануари 1928 година. Во него пука Мара Бунева. По истрелите во Прелиќ, таа се застрелува за да не падне жива во рацете на српската џандармерија. Но, и таа и нејзината жртва сеуште даваат знаци на живот и се пренесени во иста болница. Бунева умира следниот ден, Прелиќ два дена подоцна. Српските весници од тоа време на своите страници истакнуваат дека бил омилен и на неговиот погреб поворката броела 20 000 луѓе, (разбирливо) еден авион извршил прелет, а кралот Александар испратил венец.

Мара Бунева е погребена од џандармеријата во неозначен гроб.

Непосредно пред својата смрт, Прелиќ ја покажал својата немилосрдност при мачењето на уапсените студенти, членови на Македонската младинска тајна револуционерна организација, во рамките на познатиот скопски студентски процес во кој им е судено на дваесет студенти според Законот за заштита на државата“.

Нема понатаму да се занимаваме со историските факти. Постојат многу извори за овие случувања, новинарски текстови од тоа време, подоцнежни памфлети и неприкосновени вистини“ произведени од добро натоварени државни историчари“. Секако, постојат и објективни истражувања. Секој според афинитетот. Јас секако верувам дека Бунева знаела точно што прави и која е цената за тоа. Впрочем како и полковникот Прелиќ.

Разликата е само во тоа што името на Мара Бунева опстојува“ без оглед на политичките промени кои се случувале подоцна во Македонија, на полк. Прелиќ сепак му е попуста поворката од 20 000“ луѓе, авионот и венецот од кралот. Навистина, колективната свестзнае да биде кучка.

Велимир Прелиќ

Сеница Србија 1884—Скопје 1928

 

Оваа година МБП датумот на подвигот изведен од Мара Бунева ќе го одбележи на 15-ти јануари, денот кога Македонија го доби првото меѓународно признавање како независна држава.

На 15 януари 1992 г. България официално призна Република Македония като независима и суверенна държава. На 12 септември 1992 г. бяха открити генерални консулства на двете държави, съответно в Скопие и в София. Българското генерално консулство в Скопие започна да функционира от октомври 1992 г. На 21 декември 1993 г. България и Македония установиха дипломатически отношения на равнище посолства…

Богослужбата за помен на Мара Бунева ќе се одржи во црквата Св. Димитрија – Скопје, со почеток во 12:00 часот.

You May Also Like