Припадниците на Бугарската противпожарна служба и службениците на Центарот за управување со кризи од Софија и Благоевград, кои земаа учество во спасувачката акција по поплавите што го зафатија реонот на скопското село Стајковци, беа одликувани во Бугарија.
На специјална церемонија организирана од инцијативата „Достојните Бугари на годината“, спасувачите од Центарот за хаварии и кризи кон Општина Софија- Вања Грблева, Красимир Димитров, Павлин Стефанов. Марти Димитров, Васко Григоров и пожарникарите од Благоевград Ивајло Стојанов и Давид Галабов беа објавени за „Достојни Бугари за 2016 год.“ заради нивното учество во спасувачките акции за време на поплавите во Стајковци.
Иницијативата „Достојните Бугари“ е поддржана од Бугарската национална телевизија, весникот 24 часа, приватните телевизиски куќи БТВ, НОВА телевизија и Бугарското Национално Радио.