Од пред неколку месеци воспоставената соработка помеѓу судиските организации при Фудбалските сојузи на Софија и Кочани, вчера и денеска е продолжена со заеднички работен состанок во нашиот град, на кој се разменети искуства во сферата на делењето правда во тамошни и овдешни услови. Иницијатор на соработката е кочанецот Александар Димитровски, кој подолго време е фудбалски судија во Бугарскиот фудбал и член на надзорниот одбор на Здружението за Македонско – Бугарско приjателство.
Гостите од Бугариjа присуствуваа на дерби натпреварот коj се преведе во град Скопjе меѓу младиските фудбалски селекции на Р. Македониjа и Р. Бугариjа. По завршуването на натпреварот гостите беа поканети од целиот актив на ОФС Кочани на заедничка вечера. На наредниот ден се проведе и работен состанок на коjшто се разговараше за начинот и принципите по коj работат двете фудбалски организации. Исто така веќе се поставени плановите и идеите за понатамошната соработка.
Инаку пред извесен период претставници на ОФС Кочани и на Судиската организација престојувале во Софија, каде биле гости, што значи дека сегашниот престој на Бугарските спортски работници е возвратен, а се совпаѓа со гостувањето на Младата репрезентетација на Бугарија која вчера играше пријателски дуел против Македонската селекција во Скопје.
Здружението за Македонско Бугарско Приjатество– Скопjе, им честита на учесниците и се надеваме дека и во иднина ќе бидат организирани слични настани коjшто докажуват дека „Спортот не познава граници“.