МБП: УДОСТОВЕРЕНИЈАТА ЗА БУГАРСКО ПОТЕКЛО СЕ БЕСПЛАТНИ

Почитувани,

            Со заповед бр. 67 од 16.12.2016 г, на претседателот на ДАБЧ, (Државна агенција за бугарите во туѓина) „Здружението Македонско-Бугарско пријателство-МБП” е впишано под број 6 во регистерот на организации на бугарите кои живеат надвор од Република Бугарија, согласно  чл. 3, ал. 1, т.2 од Законот за бугарите кои живеат надвор од Република Бугарија.

            Согласно „Законот за Бугарите” кои живеат надвор од Република Бугарија и Законот за бугарско државјанство, како и наредбите за прилагање на истите закони, МБП има право да издава Уверенија за Бугарско потекло (УДОСТОВЕРЕНИЯ ЗА БЪЛГАРСКИ ПРОИЗХОД), кои служат во процедурата за добивање на бугарско државјанство како еден од доказите за бугарско потекло.

            Предизвикани од низа шпекулации и злоупотреби, раководствотона МБП донесе решение својот став за издавање на документот за потекло (удостоверението) да го изложи јавно со цел да стигне до секој заитересиран граѓанин и да се обиде да се спротистави на недобронамерниците кои ги злоупотребуваат потребите на граѓаните за различен материјален интерес.

Почитувани, УДОСТОВЕРЕНИЈАТА ЗА БУГАРСКО ПОТЕКЛО-ПРОИЗХОД , се издават бесплатно на оние граѓани кои имаат бугарско потекло, согласно историската реалност и низа од документи издадени од Република Македонија (изводи од книгата за раѓање или книгата на умрени).

            За да не попаднете во шемите на измамници и други недобронамерни организации ве молиме за се што ве интересира во врска со добивање на УДОСТОВЕРЕНИЕ да се обратите до нас.           

За злоупотреби и непрофесионализам, како и за директен контакт со раководството на МБП ве молиме сигнализирајте ни на е-маил: sekretar@mbp.com.mk,  sovet@mbp.com.mk

 

Со Почит,

Петар Колев,

Претседател на МБП

 

You May Also Like