“Патриотизмот е последното засолниште на никаквецот”

Семјуел Џонсон (1709-1784)


 

пишува: Ѓорѓи Трендафилов

потпретседател на МБП

       

 

 

 

 

       
        Во познатиот серијал “ Истрага на местото на злосторството – CSI неретко злосторникот или злосторниците преземаат т.н. форензички контрамерки. За да ја скријат природата на своето злосторство (најчесто крвни деликти ) тие се обидуваат да ги уништат доказите кои ги сместуваат на местото на злосторството. Така, често подметнуваат пожар, го палат возилото, објектот, понекогаш користат хемиски средства за да ги скријат потенцијалните докази кои ги инкриминираат, па дури вршат и неколку убиства за го скријат мотивот за она кое умот на злосторникот проценил дека му носи одреден “бенефит” ,останатите се само колатерална штета, форензичка контрамерка.

        Се разбира најчесто станува збор за злосторства со умисла, значи внимателно планирани и извршени.

        Значи, во духот на оваа аналогија земјава претставува “ место на злосторството “  Во моментов листата на осомничени не е затворена, иако неколку имиња котираат високо на истата и очекувано “ истрагата” e насочена кон нив. И тие ги преземаат “ форензичките контрамерки” за да ги скријат мотивите и злосторството, да ги оневозможат форензичарите да ги поврзат доказите со нив. За разлика од ликовите во серијалот, ние ја немаме среќата нашите форензичари да се ерудити, научници, да располагаат со современа опрема, да имаат пристоен буџет, да се посветени и професионални во својата работа. Бројката е единствената предност на нашите форензичари-  1.784.416 толку ги имаме. Но,токму бројката е она што осомничените го користат како нивна предност. Свесни дека во тимот на форензичарите нема целосна посветеност, објективност, професионализам па дури и знаење, тие своите контрамерки ги насочуваат токму таму.

        Првоосомничениот  пред “истрагата” се држи до увереноста дека доказите против него во најдобар случај се посредни, го има најдобриот адвокатски тим што може да се купи за пари (а ако се тоа пари на некој друг уште подобро) згора на тоа, доколку и дојде до судска завршница, предметот бездруго ке биде кај судија кој е познат по своето “експлицитно придржување на процедурите”. A, со истражители како овие-си мисли првоосомничениот- невозможно е да нема повреда на процедурата. Уште повеќе, тој постојано ламентира пред истражителите дека му го губат времето, дека тој е чесен и лојален граѓанин, штедлив до бесвест, како дома,така и на работното место, дека вистинските и најстрашни злосторници се некои други и дека тој дури и може да им помогне на истражителите во спречувањето на незамисливи злосторства.  

         Второосомничениот, за кој истражителите се цврсто убедени дека е соучесник со првоосомничениот, повеке или помалку, се држи до слична приказна, со една разлика – поради сомнежот  дека сторил криминално дело, сомнеж кој  премногу го повредил, згора и поради посебните “културни разлики” кои мисли дека ги “поседува”- иако никој во постапката не га бара тоа од него, реши да претстави пред истражителите своевидна ретроспектива на неговото поведение во последните петнаесет години. И почна да пишува….

        Третото лице пак, во моментов е само “лице од интерес” Истражителите не можат да си објаснат, зошто тој во своите  изјави како да го потврдува алибито на второосомничениот, а истовремено, дава изјави кои дополнително го инкриминираат првоосомничениот. Дилемата кај истражителите е очигледна – доказите се однесуваат и на двајцата осомничени, сепак, “ лицето од интерес’’ опстојува на исказите кои му даваат алиби на второосомничениот.

        Обидувајки се да соберат што е можно повеке информации, истражителите разговараа со уште неколкумина, а и воспоставија отворена телефонска линија, надевајќи се дека јавноста ќе помогне во расветлувањето на потенцијалните криминални активности.

        Тоа се покажа како “слепа улица” Луѓето најчесто ги обвинуваа своите соседи и роднини, а не недостасуваа и вљубениците во теориите на заговор, вонземјани и патувањата низ димензиите. Малку надеж имаа од лице кое блиску соработувало со сите погоре спомнати, но тоа лице само повторувало – ма тоа се супер луѓе, јас гарантирам за тоа до смрт – уште една слепа улица.

        Очекувано, една ваква истрага предизвикува големо внимание во јавноста, што им создава дополнителен притисок на истражителите – Така еден експерт во ТВ настап во 18:30 h., акцентот го става на “нераскинливата врска меѓу наводниот сторител и наводната жртва” Веќе во 20:30 h друг експерт, жестоко го демантира оној од 18:30h. На трет настап во 23:30 h еден пак жестоко полемизира и тврди дека нема недело, а и ако го има, тогаш сторителот е наводната жртва, а не осомничените. Се разбира, една таква “жестока и страсна” дебата ја има и на социјалните мрежи, на улица секојдневно приврзаниците на се и сешто ја прегрнаа оваа истрага како своја кауза, Од ден на ден притисокот врз истрагата расте.

        Како и ова да не доволно, Началникот на полицијата воопшто нема доверба во методите на истражителите, па секојдневно се заканува дека ке ја затвори истрагата. Тој, како длабоко конзервативен повеќе верува во докази обезбедени co “гледање во филџан кафе”, “летот на птиците” и слични методи кои се можеби од минатото, но останале недемантирани од современата наука.

        Почитувани пријатели на МБП. Серијата CIS, која беше инспирација за овој текст, почна да се емитува во далечната 2000 година. Последната сезона заврши во 2015-та.

        Од таа 2000-та, до денеска светот е многу поинаков. Тоа е впрочем природниот ред на нештата, промените некогаш се добри, понекогаш лоши, но, секогаш се константни. Македонија во 2000-та немаше ниту “десет години” независност, денеска демек сме зрела и полнолетна држава, одговорна за своите постапки, одговорна и свесна за своето место во турбулентиов свет, следствено на тоа, одговорна држава. Одговорна пред се, пред сопствените граѓани. Државата таа одговорност ја манифестира преку институциите на системот, преку уставно правниот поредок, кој во идеалното сфаќање на таквиот систем, ја ужива заштитата на истиот. Се обидов да пронајдам кој дел од овој “наш” систем во моментов , го штити граѓанинот како поединец, и како функционира поделбата на власта, која ете и кај нас е поделена на законодавна, извршна и судска, поделба која ја овозможува контролата врз лостовите на власта.

Можно е да сум субјективен и тоа да “пречи” во објективно согледување на нештата, а, можеби некој има и поинакви аргументи.

Затоа, би ве замолил да ги споделите со мене на vardar@mbp.com.mk

 

You May Also Like