Георги Прванов: Договорот за добрососедство е потребен. Ние треба да и помогнеме на Македонија

Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов изјави дека потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија е добар начин да се направи првиот чекор за подобрување на односите меѓу двете земји.

Во интервју за Бугарската национална телевизија, Прванов посочи дека треба да ѝ се помогне на Македонија да влезе во ЕУ и НАТО пред сè поради стабилноста на земјата и регионот, но и дека од еднаква важност е Бугарија да ги реши сопствените проблеми со Македонија околу прашањето за заедничката историја.

Прванов подвлече дека е скептичен во однос на тоа дека договорот ќе биде доволен за да се решат проблемите, но додаде дека договорот е  неопходен и треба да биде потпишан. Според поранешниот претседател на Р. Бугарија, за да се подобрат односите меѓу двете држави треба да помине извесно време, да се работи напорно и да се создаваат контакти на повеќе полиња од јавното живеење.

You May Also Like