Младинци од Македонија и Бугарија во работна средба

Зад мнението “младите да земат збор” се обединија младинците од  здружението Македонско Бугарско Пријателство, Македонското студенско друштво “Вардар” и “Националниот младински комитет на ВМРО.

Целта која си ја поставуваат е соработка и развој на Балканскиот регион.

Од 15.07.2015 год. до 19.07.2015 год. представници на Националниот младински комитет, на чело со претседателот Михаил Петров, секретарот Цветан Александров и копретседателот на МСД “Вардар” Трајче Попов, представници на Младинската Организација “Младинци за Балканот” Георги Димитров, одржаа мрежа од работни средби во Македонија  со представниците на младинската структура како и раководството на здруженитето за Македонско Бугарско Пријателство.

На средбите беше дебатирано за партнерството на четирите организации, како и нивно учество во евентуални идни проекти коишто ќе бидат сврзани за развитокот на Балканот, младинската мобилност и младинската соработка.

Се постигна согласност за заедно учество во предложениот проект на Младинската организација “Младите за Балканот” кој е во програмата на Американската фондација  National Endowment for Democracy. Проектот „Democracy is PROactive!“ има за цел промоција на активниот начин на живот на македонските и бугарските младинци.

Проектот е базиран на мрежа од лекции и семинари на теми сврзани со демократијата и ако проектот стане реалност тој ќе се спреведе на територијата на двете држави. На средбите исто така беше дискутирано за соработка  и со идни проекти по програмата на Еразам + на Европската унија.

Младите ги посетија градовите Штип, Кавадарци, Битола и Охрид и во секој град остварија средби на коишто си  разменија идеи и искуства за сорабока.

Во градот Штип остварија средба со младинци од градовите Штип, Пробиштин и Виница. На средбата учествуваа секретарот на здружението Македонско Бугарско  Пријателство – Александар Колев, претседателот на здужението за град Пробиштип – Цветан Александров и Михаил Петров, раководител на одел “проекти” на “Младите за Балканот” – Георги Димитров и копретседателот на МСД “Вардар” Трајче Попов.

Во Кавадарци  се спроведе средба со локални младинци, членови на здружението Македонско Бугарско Пријателство, а во градот Битола покрај младинците од МБП , присуствуваше и претседателката на здужението за цела Македонија, Маринела Петреска каде и беше установено и официјално решение за соработка меѓу 4-те организации.

Крајна дестинација беше градот Охрид, каде исто так беше спреведена средба  со младинци од здружението Македонско Бугарско Пријателство, како и со еден од основачите, во поново време, на МСД “Вардар” – Крсте Ристески.

Целта на патувањето беше исполнета насекаде. Проектните предлози на “Младите за Балканот” беа представени, дискутирани и прифатени во сите градови од Македонија.

Овие средби представуваат и прв чекор од долгиот пат на младинската мрежа за подпомагање и развиток на Балканскиот Полуостров.

види галерија >>>

 

You May Also Like