МБП со должно внимание кон минатото и непоколебливост кон иднината

        Мара Бунева бездруго беше одличен конспиратор. Овде во Скопје, пред носот на тогашните колонијални „господари“ трпеливо ја играше улогата на „лојален поданик“ додека во реалност, таа беше војник на Организацијата. Велам војник, затоа што нејзината задача беше чисто воена-елиминација на висок команден офицер во рамките на окупациона администрација во Вардарска Македонија.

Српските весници од тоа време ја опишуваат како „терорист, како агент на Македонскиот Комитет од Софија“. А тој, Македонскиот Комитет, беше во војна со белградскиот режим. И тој Комитет ја уживаше подршката од објективната јавност во Европа, многу помалку ја имаше таа подршка кај европските влади, но, тоа не влијаеше на решението- Белград надвор од Македонија.

Бунева е само еден од многуте војници кои не носеа униформа, но ја носеа пораката за слободна Македонија и таа порака ја испорачуваа без оглед на цената која ја плаќаа, најчесто највисоката. Дури и по смртта се обидоа да ја избришат трагата на нејзиниот краток живот. Нејзините непријатели ја закопале тајно, во необележан гроб, како никогаш да не била на светов.

64 години подоцна, од седиштето на тој, за непријателите, страшен Македонски Комитет, од истата таа Софија, пристигна за Македонија важна вест.Таа вест не беше од воена природа, но беше возможна токму поради таквите како Мара Бунева- Бугарија официјално ја признава Република Македонија како независна и суверена држава. Таа навидом кратка изјава на тогашната бугарска влада ги изразуваше нераскинливите врски меѓу нас, сатисфакција на напорите на поколенијата кои никогаш не се предадоа и помирија со македонските состојби, таа изјава беше афирмација на Македонија и влог во нејзината иднина.

Затоа ние денеска сме тука, да посведочиме за Мара Бунева, за стотиците нејзини соборци кои никогаш нема да остарат, кои не оставиле свое потомство затоа што во еден момент во својот краток живот решиле дека сите ние денеска сме нивни потомци и дека нема да ги заборавиме.

Слава и поклон пред хероите за слободата на Македонија!

 

Почитувани Пријатели,

Ви благодариме за вниманието со кое ја почестивте нашата организација и ни се придруживте на богослужбата за помен на Мара Бунева и на годишнината од првото меѓународно признавање на македонската независност од страна на Р. Бугарија. Ова беше прекрасна прилика да се видиме со старите пријатели, но веруваме и дека стекнавне нови.

На нашите скапи пријатели од Бугарија им посакуваме среќен пат и до скоро!

 

Искрено,

Македонско Бугарско Пријателство

 

You May Also Like