Македонија и Бугарија наскоро со Договорот за добрососедство

Македонскиот и бугарскиот премиер денеска од Софија најавија нова страница во државните односи. Историските проблеми ќе се надминуваат со заеднички прослави, именување улици и поддршка во ЕУ и НАТО.

Македонија и Бугарија се блиску до потпишување на Договорот за добрососедство. Двајцата премиери, БојкоБорисов и Зоран Заев од денешната прес-конференција во Софија најавија дека тоа најверојатно ќе се случи на 2 август, кога заеднички ќе го прослават Илинден во Македонија.
Софија е втората меѓународна станица на Заев откако стапи на премиерската функција и прво замина во посета на Брисел. Бугарија од 1. јануари следната година го презема претседателството со ЕУ.
Евро-атлантските интеграции беа главна тема на денешниот состанок. Борисов најави поддршка за Македонија на тој пат.  Двајцата премиери најавија и засилен ангажман за заеднички инфраструктурни проекти кои би можеле да се финансираат од фондовите на ЕУ, во прв ред Коридорот 8.

Преку градоначалниците на Софија и Скопје ќе се направи обид улици во двата главни града да ги носат имињата на поранешните претседатели Борис Трајковски и Жељу Жељев. Денеска, двајцата премиери се поклонија пред споменикот на цар Самоил во Софија, а истото ќе го сторат и во Скопје во текот на летово.

 

You May Also Like