Соопштение во врска со предвремените парламентарни избори во Бугарија

          На 26 март 2017 година во Бугарија ќе се оддржат предвремени парламентарни избори. Бугарскиот народ ќе го бира составот на 44-то Народно собрание, кое од своја страна ќе ја изгласа и новата бугарска Влада. Датумот на изборите е утврден со указ на новиот бугарски претседател Румен Радев.

            Според предизборните анкети партијата на Бојко Борисов (досегашниот бугарски премиер) ГЕРБ, Бугарската Социјалистичка Партија (БСП) и коалицијата Обединети Патриоти (ВМРО, Националниот фронт за спас на Бугарија и Атака), се полтичките партии со најголеми шанси за освојување на парламентарно мнозинство.

            Учество на изборите можат да земат сите бугарски државјани без разлика дали живеат во Бугарија или странство. Во Македонија изборни секции ќе има во Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и во Конзуларното претставништво во Битола.

            Централната изборна комисија на Бугарија во соопштение до јавноста објави дека  бугарските државјани кои ќе живеат надвор од Бугарија за да го активираат своето гласачко право треба да аплицираат електронски на страната на Централната изборна комисија во делот за „гласање во странство“ (овде). Крајниот рок за аплицирање е 28 февруари 2017 година во 24.00 часот (бугарско време).

You May Also Like