Младинци од Македонија, Албанија и Бугарија во посета на Народното Собрание во Бугарија

На покана на Патриотичниот фронт и народниот представник Јулијан Ангелов околу 30 млади од Македонија и Албанија го посетија Народното Собрание.

Тие имаа можност да присуствуваат на пленарната седница на која што зборуваше министерот-претседател Бојко Борисов.

Гости беа во канциларијата на Патриотите, лично од претседателот на групата Валери Симеонов, а се сретнаа  и со народните представници Красимир Богданов, Атанас Стојанов и  Искрен Веселионов.

Народниот представник Јулијан Ангелов ги запозна со работата и целите, им ја раскажа историјата за канцеларијата на Патриотичниот фронт во која има автентични предмети од времето на политичарот Димитар Пешев, а исто така им ги покажа и сликите кои се наоѓаат таму.

Пратениците им посакаа на младите гости успешно да продолжат со образованието, затоа што тие треба да бидат следните кои ќе ги потполнат местата во парламентот.

На крај на гостувањето, како традиција, младите направија слика за спомен на скалите во Народното Собрание.

 

You May Also Like