МБП-Скопје со панихида ја одбележа годишнината за Мара Бунева

Здружението за Македонско-Бугарско пријателство- Скопје (МБП-Скопје) со панихида во црквата Св. Димитриј во Скопје, ја одбележа 91-та годишнина од херојскиот подвиг на револуционерката Мара Бунева.

На 13 јануари 1928 година, младата тетовчанка Мара Бунева, ја исполнува смртната пресуда врз високиот српски полициски чиновник, Велимир Прелиќ. Прелиќ е дел од обвинителскиот тим за време на судскиот процес против активисти на ММТРО кој се одржал во 1927 година.

На панихидата беа присутни активисти на МБП-Скопје на чело со претседателот на здружението, Столе Велков, а исто така и голем број на гости од повеќе македонски градови и соседна Р. Бугарија.

Мара Бунева е родена во Тетово во 1901 година, во будно македонско семејство. Многу млада влегува во редовите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, кад ешто веќе членувале и нејзините браќа. По големиот студентски процес против членови на ММТРО, на нејзе се паѓа честа да ја изврши смртната пресуда изречена од ВМРО на високиот српски службеник Велимир Прелиќ. Нејзиниот подвиг ќе остане засекогаш запаметен од наследниците и потомците на револуционерите од ВМРО .

You May Also Like