Комитетот за Култура на Здружението за Македонско-Бугарско пријателство во соработка со Бугарскиот културен институт во Берлин

Претставници на МБП на 16.02.2017 г. по покана на Бугарскиот културен институт, беа гости на оваа културна институција во Берлин, ФР Германија.

Во разговорот со директорот г-н Панчо Чернов и Искра Иванова- аташе за уметност во Институтот, беа изложени идеи за реализација на проекти во сферата на уметноста, конкретно за оддржување изложба во галеријата на Бугарскиот културен институт.

Директорот Панчо Чернов предложи заеднички проект (на Институтот и МБП), преку кој во Македонија ќе бидат претставени артисти-уметници од Бугарија и Германија. Разговорот продолжи со осврт на моменталното оддржување на Берлиналето и активностите на Институтот во него.

Преставниците на МБП упатија покана до своите домаќини за посета на Македонија и продолжување на соработката на релација Македонија-Бугарија-Германија. Директорот Чернов и г-ѓата аташе за уметност Искра Иванова, ја прифатија поканата со задоволство и ветија дека во најскоро време ќе ја посетат Македонија.

 

You May Also Like