Павле Ночески: Роден и живеe во Кичево, каде што изучува средно образование. Се занимава со музика и поезија, а пишува веќе една година.
Долго време барав начин да ги искажам моите уметнички чувства и мисли, а тоа го пронајдов во поезијата. Мојата поезија ја пишувам во слободен стих. Инспирацијата доаѓа неочекувано и од многу страни…од филм, книга, историски настани, погледи кон општеството и секако, лични животни искуства. Мојот стремеж е во иднина кога ќе имам доволно материјал да ја издадам и мојата прва стихозбирка.
Интеграцијата на младите луѓе кон културно-уметничкиот живот е витален и неизбежен процес за напредок во општеството. Преку организирање на културни настани од било кој вид, младите осознаваат повеќе и самите стануваат покреативни. Со тоа се одбегнуваат површните погледи, стереотипите и предрасудите кон други култури и нации. Соработката меѓу нациите е суштина на просперитетот. И секако, на младите треба да им се даде шанса да бидат слушнати и прифатени, истакнува Павле.
За читателите на МБП тој ни издвои две поеми. Уживајте во поезијата на младиот и надежен поет.
Поема 1: Волја за живот
Оставен сам во двете простор и време,
бараш помош, ти пропаѓа.
Твоите дела се причината зошто не спиеш,
ти си прогонуван и умопомрачен.
Од рани времиња уништуваш,
пробуваш да успееш.
Те ставаат некаде да бидеш сам,
да ги усмртат твоите желби.
Но твојта моќ нема да згасне,
се додека постои твојот мозок,
ќе најдеш начин да ги скршиш синџирите,
и светот ќе биде твој.
Поема 2: Копнеж за слобода
Желбата да бидам,
во земја толку слободна,
ме прави да не чувствувам каење,
за наметнатите правила.
Не поднесувам љубов и солзи,
во свет кој е,
уништувачки и без смисол.
Единствената вистина.
Прегрни го апсурдот.
Како активен член на здружението Македонско Бугарско Пријателство, Павле Ночески во иднина ќе организира поетско литературни настани. МБП го охрабрува и подржува со цел, неговата желба да биде поскоро реализирана.