На 26-27 и 28 Јуни во амбасадата на Р. Бугарија во Скопје ќе се врши прием на документи за упис во државните универзитети во Бугарија, а испитот ќе биде на 05 јули.
На 02, 03 и 04 јули во Софија Р. Бугарија ќе се врши исто така прием на документи за упис.
Потребни документи:
1. Диплома или потврда за положена матура.
2. Свидетелства од сите 4 години (заверени кај нотар)
3. Извод на родените (оргинал)
4. Копија од пасош, државјанство и две слики
5. За кандидатите на кои некој од родителите или браќа и сестри имаат бг пасош треба копија од бг лична карта или ако имаат извадено произход од ДАБЧ да го носат со нив при поднесувањето на документите.
Заинтересираните кандидати можат да се обратат со прашања и помош за потполнување на соодветната документација кон нашите канцеларии.
СО ПОЧИТ,
МБП – СКОПЈЕ