Одбележување на 24 годишнината од признавањето на Република Македонија од страна на Република Бугарија

Сите многу добро го познаваме тешкиот пат низ кој помина Република Македонија кон воспоставувањето и зацврстувањето на нејзината државна независност и суверенитет.

За цело тоа време, токму Бугарија беше државата која и даваше најголема поддршка за независноста на Македонија, која беше и ќе остане гарант за нејзината територијална целина.

Бугарија е државата која прва го призна уставното име на Република Македонија и тоа решение беше клучно за стабилноста во Југоисточна Европа.

За таа цел здружението на граѓани „Македонско-Бугарско пријателство“ град Штип, има чест да ве покани на промоција на книгата „Развигорови –обречените на свободата“ од авторот Михаил Развигоров и коктел прием по повод одбележувањето на 24 годишнината од признавањето на Република Македонија од страна на Република Бугарија.

Манифестацијата ќе се оддржи во град Штип, свечена сала во хотел Оаза, на 15-ти јануари 2016 год. во 19 часот.

Pokana

 

 

 

You May Also Like