Свети Јован Крстител, патрон на новоизградената црква во делчевски Звегор, за прв пат верниците го одбележаа во комплетно изградената црква и со иконостас кој е еден од најубавите во регионот.
Изработен рачно од ореово дрво од прилепски мајстор и со благослов од владиката Иларион, овој иконостас е по многу нешта уникатен. Иконите се изработени во Пловдив, дигитално и имаат рок на траење двојно подолг од обичните икони, објасни Делчо Гошев, ктитор на црквата.Средствата за изгработка на иконостасот се собрани со донации.
Имам донирано лично мои средства, но и од иселениците од Швајцарија. Марјан Манов донираше , 5,5 илјади франци, тоа се средства од нашите кои одат по лозјата и 1 илјада франци од Борко Веселинов, но донираа и многу верници од Бугарија, кажа Гошев.
Ѕвегорци црквата ја градеа 15 години и во нејзината изградба учествувале и вредните мајстори од Ѕвегор.
Врзував арматури, долниот спрат го малтерисував, се е од срце, едно денарче не сум земал, рече Славе Ѓеоргиевски.
Верниците од делчевски Ѕвегор, село кое некогаш било турско село, сега се горди на својата црква.
Ова ќе трае вечно, додека постои традицијата, рече жител на с. Ѕвегор. За празникот Свети Јован Крстител во ѕвегорската црква присуствуваа голем број верници.
Делчо Гошев е еден од основачите на МБП Делчево. Од името на раководството и членовите на МБП изразуваме благодарност и го поздравуваме неговото благодарно дело.